Насловна / Архитектура / Концертна сала Парк на музиката во Аквила

Концертна сала Парк на музиката во Аквила

Италијанскиот град Аквила во 2009 годна беше погоден од катастрофален земјотрес со разорни последици. Пред катастрофата градот беше познат како средиште на класичната музика со признат фестивал. Но повеќето објекти и сценски простори беа срушени во земјотресот.

Прв кој дојде на спасување на имиџот за концертен град беше светски познатиот архитект Шигеру Бан, кој во 2011 година во Аквила ја отвори Kонцертната сала од картонски цевки. Сега се појави трајна структура – „Hall“, проект на големиот архитект Ренцо Пијано (копроектант на Центарот Помпиду  во Париз, кулата Shard во Лондон…).

119735 119727 119731

Дрвената зграда од три коцкести блока се наоѓа во бизина на Шпанскиот замок и старото градско централно јадро. Во едната коцка има сала за 238 посетители и 40 музичари, втората е предворје, бар, гардероба .., а третата се помошни простории со вообичаени содржини. „Коцките“ меѓусебно се поврзани со ходници. Фасадната облога и подовите се од дрвени талпи од ариш, а рамките од смрека. Конструкцијата и материјалитe употребени на објектот се од асеизмичен карактер и еколошки чисти. Фасадата е затворена со дрвени ленти во 24 различни бои, во должина од 20 километри. Вкупна површина е 500 квадратни метри.

 

119728 119741 119732

Околината на салата и самиот објект со топлата внатрешност, носи позитивна атмосфера и дава надеж за нов почеток на живот во до пола уништениот град.119740

Концертната сала ја отвори Болоњскиот оркестар Моцарт, под диригеска палка на Клаудио Абадо.

119739 119737 119724

Ренцо Пијано во ентериерот на својот проект

119750 119749 119748 119746 119744 119743 119742 119751

Испрати коментар

Scroll To Top