Симфонискиот оркестар на Маринскиот театар под раководство на диригентот Валериј Гергиев, денес ќе одржи концерт во светски познатиот амфитеатар во Палмира, Сирија.
Концертот под наслов „Со молитва за Палмира, музиката ги оживува древните ѕидини“ ќе се пренесува директно на руски ТВ канали (“Россия 1”) во 16 часот.
Сириската Палмира од страна на УНЕСКО е призната како светски паметник од светско наследство. Во мај минатата година градот беше окупиран од терористичката група Исламска држава, а многу градби во него беа разграбени или уништени.
Кон крајот на март годинава Палмира беше ослободена.