Насловна / Архитектура / Концептуален хотел на отворено со „нула ѕвезди“

Концептуален хотел на отворено со „нула ѕвезди“

Hotel so nula zvezdi Svajcarija2

Најновата атракција во Швајцарија е концептуалниот хотел со кој управуваат хотелиерите Франк и Патрик Риклин. Се работи за хотелот Null Stern кој нема ниту ѕидови ниту покрив, а најблискиот тоалет е оддалечен 16 километри.

Null Stern Hotel_Land version.JPG

Овој хотел е посебен по тоа што нуди фантастичен поглед и се наоѓа на 1.970 метри надморска височина во Швајцарските Алпи. „Собата“ се состои од голем кревет, ноќни масички и две ламби. На гостите на располагање им е батлер кој ги дочекува со појадок и пијалак.

Hotel so nula zvezdi Svajcarija

Ноќевањето чини 228 евра, а сезоната е отворена од пролет до есен. Исто така, хотелот ги откажува резервациите во случај на лошо време. Инаку, самото име на хотелот означува „хотел со нула ѕвезди“.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top