Насловна / Архитектура / Концептот (Град – градина) против дефицитот на урбана природа

Концептот (Град – градина) против дефицитот на урбана природа

Урбаниот дискурс е се повеќе преплавен од пандемии, топлотни бранови, недостиг на храна и енергија, климатски промени и губење на биолошката разновидност. Овие кризи ја враќаат вредноста на природните острови: топлите летни ноќи принудуваат парковите и градините да се отвораат за рекреација, пандемиите ги ревалоризираат балконите и терасите за време на затворањето, а се промовираат урбаните градини. Тоа е тивката револуција што природата ја наметнува врз бетонската џунгла.

Градот е точка на човечка привлечност, што го покажува неговиот континуиран раст. Во 2021 година дури 60% од светската популација е регистрирана како урбана. Луѓето ги напуштаат руралните области привлечени од услугите, капацитетите и вработувањето што ги нудат градовите.Граѓаните ја избираат сивата џунгла наместо просторите од отворена природа. Меѓутоа, таму се изложени на урбани стресори (загадување на воздухот и бучавата, стрес, социјална изолација, зависност од надворешни ресурси и негативен енергетски биланс).

 

Недостаток од природни ресурси

Иако нема адекватна медицинска дефиниција, терминот “синдром на природен дефицит”, ги појаснува негативните влијанија на урбаниот живот врз корисниците, особено најмладите, да живеат спротивно од природата. Привлечноста на новите технологии, од обврска или задоволство, ги тера да поминуваат часови пред екраните, промовирајќи изолација и распаѓање на блиските општествени односи.

Денес се повеќе се јавува потребата од поттикнување средини кои овозможуваат да се одржува контакт со природата на дневна основа. Тоа е можно да се постигне со промоција на урбана природа, со традиционални паркови, зелени појаси, дрвја и цветни леи по улиците. Но, за ние урбаните да се најдеме на помалку од 300 метри од природно подрачје, како што препорачува Светската здравствена организација, мора да прибегнеме и кон зелени инфраструктури хоризонтално или вертикално (покриви, фасади, ентериери).

Не залудно, проектот за агро-град Гаргарин Труило, во Иври-сур-Сен (Франција), ја доби наградата за шпански урбанизам за 2021 година, доделена од Вишиот совет на колеџи на архитекти на Шпанија. Целта веќе не е да има градини во градот, туку градот да биде градина, односно инкорпориран насекаде во природата.

1

Борба за урбаното

Како што обично се случува во општествените заедници, постигнувањето на целите не се врши на непречено на хомоген начин, туку преку наметнување на активности. Па затоа и се варијабилни следствено со околностите принудува да се изменат приоритетите.

Во урбаната средина има дебати за урбани и естетски прашања. Во случајот на Мадрид, проектите со зелен пристап се преклопуваат, како што е Мадрид Нуево Норте, со други квартови кај кои е регистриран недостаток од вегетација, како што е Пуерта дел Сол. Но, има многу судири; мора да се бараат остварливи решенија со расположливите ресурси.

За време на Конференцијата за зелени инфраструктури и социјална благосостојба организирана од Fundación Foro Agrario на 15 јуни, Франциско Муњоз, директорот за управување со води и зелени површини на Градскиот совет на Мадрид, презентираше дел од работата што ја развиваат за хуманизирање на зелените инфраструктури кои ги прилагодуваат на социјалните потреби.

Во контакт со болници и социјални и здравствени центри, се дизајнираат коридори, детски области, прошетки за закрепнување од срцеви заболувања и патеки за стари лица, со седишта и засенчени места. Со други зборови, рецептот за пациентите, покрај одењето во аптека, е да развиваат активности на отворено  за одредено време.

2

Сон за природата

Во Шпанија, движењето на урбаните зелени структури се развива осцилаторно.

Првата фаза, традиционалната, се фокусира на градбите во руралниот свет и одредени традиции, како што се андалузиските дворови, градините и уникатните градби.

Следната фаза одговара на силните селски миграции од 60-тите и 70-тите години, кои го донесоа аграрниот дух во градот, со ограничувања на просторот за зелени површини и со силна експанзија на недвижностите.

Крајот на претходниот век и новиот 21 век покажуваат силна иновативна иницијатива, со јавно и приватно учество, со големи урбанистички планови во градовите како Мадрид, Барселона, Валенсија, Севиља итн.

Во идеална ситуација, граѓаните треба да имаат:

  • Природна средина, со адекватна флора и фауна, со добар квалитет на воздух и без бучава.
  • Работни услови, здравствени и културни услуги кои се достапни во време и далечина (град од 15 минути).
  • Одржливост на енергија, топлина и органска материја преку овоштарници и градини во близина, лоцирани во затворени простории или покриени.
  • Места за рекреација и состаноци за дружење со соседите, во природни простори, споделување задачи на заедницата од градинарство, агроеколошки култури или културни активности.
  • Политичка и социо-економска одговорност за постигнување одржлив концепт за решавање на проблеми на краток, среден и долг рок од доменот на  социјалната правда.

Урбаниот идеал е природен град, преплавен со паркови и градини, авении со дрвја, згради обвиткани во зелени фасади и покриви со оранжерии и овоштарници кои ги рециклираат гасовите и ги минимизираат влијанијата на урбаните топлотни острови.

Природата може да не наведе да го надминеме сегашниот урбан модел преку решенија засновани на природата како инструменти за управување со проблеми како што се климатските промени, квалитетот на животната средина, управувањето со водите и безбедноста на храната.

Испрати коментар

Scroll To Top