Ситуирана на агол на уличниот фронт, оваа концепт продавница со својот егзотичен и колоритен ентериер презентира нов естетски јазик, изразен преку архитектонското обликување и изборот на стилските продукти изложени во просторот.
Со цел посуштествено да се доживее изложбениот простор, како и целокупната архитектонска бит, покрај 10-те помали прозорски отвори, фасадната обвивка е перфорирана со еден поголем репрезентативен отвор, кој овозможува атмосферата од внатрешноста да биде достапна и за љубопитните минувачи на прометната улица.
Обликувањето на фасадата со хексагонални сегменти, инспирирани од формата на саќе, претставуваат олеснителна околност при организација и позиционирање на меѓукатните конструкции и дефинирање на аглите на објектот, и како полутранспарентни или полни површини, динамично распространети, алудираат на суптилно привлекување на нови посетители.
Поттикнат од необичниот архитектонски контекст на целината, при обликувањето на ентериерот, артистот Felipe Morozini ја симболизира креативната релација помеѓу архитектонските елементи, гарнитурата и уметничките дела. Со идејата да се хуманизираат и избегнат секојдневните шаблони за обликување на изложбените простори, кураторот презентира непретенциозен и забавен простор, создавајќи емотивен, носталгичен простор, кој придонесува посетителите да се чувствуваат комфорно и пријатно.