Насловна / Архитектура / Компоненти од деконструиран објект искористени за станбен комплекс во Базел

Компоненти од деконструиран објект искористени за станбен комплекс во Базел

Архитектонското биро Parabase го реализирало проектот наречен Elementa во Базел, во кој повторно се искористени компоненти од деконструиран објект, претворајќи ги поранешните столбови и подни плочи во ѕидни и фасадни елементи.

2

Проектот е избран како победник на отворен конкурс, каде што меѓународното жири го издвои решението на бирото поради неговата силна естетика во комбинација со креативната повторна употреба на готови бетонски елементи.

1

Достапни станови за 650 луѓе

Станбениот комплекс се наоѓа во Walkeweg, една од најголемите развојни области на кантонот Базел и е дел од планираната програма за домување 1000+, која вклучува станови по пристапни цени за 650 луѓе, како и изградба на основно училиште и градинка.

6

Во оваа прва фаза на развој, планирано е да се изградат 150 нови станови до 2025. година, додека во втората фаза кантонот ќе продолжи да гради уште околу 120 станови по пристапни цени, заедно со интегриран миграциски центар, до 2026. година.

Најкарактеристичен елемент на проектот е повторната употреба на бетонски елементи, што е стратегија што се користи за прв пат во овој обем во Швајцарија. Овој потег ја намалува потребата од нови материјали и заштедува „сива енергија“.

3

Применетите елементи во проектот потекнуваат од деконструираната гаража Lisbihel и се користени како конструктивни елементи, но и за формирање на фасадата. Според архитектите, оваа стратегија заштедува околу 1.000.000 килограми емисија на CO2 во развојот на проектот.

Покрај напорите за зачувување на постоечките материјали, целиот комплекс ќе има и греење без употреба на фосилни горива, а планирано е најголемиот дел од потребната енергија да се произведува преку сопствени фотоволтаични системи.

6

Тема од се поголема важност

Адаптивната повторна употреба е тема од се поголема важност во светот на архитектурата, бидејќи претставува поодржлива алтернатива во создавањето нови структури, а во исто време се чува и регенерира културното наследство на локацијата.

Насоката на повторна употреба може да оди во различни размери, каде се користат цели згради или специфични градежни материјали.

7 4 5

Испрати коментар

Scroll To Top