На плоштадот на улица „Наум Наумовски-Борче“ и по должината на улицата која е реконструирана, до спојот со улицата „Ленинова“, поставена е нова урбана опрема: торзиона клупа, четири клупи без наслон, 10 рамки – држачи за велосипеди и две канти за отпадоци – лотус. Со ова, се комплетира изгледот на новиот мини-плоштад, каде што беа поставени две големи жардиниери со зеленило.
Мини-плоштадот е на површина од 400 м2, поплочен со павер елементи и природен гранит. Во првата фаза од реконструкцијата на улицата „Наум Наумовски-Борче“ беше реконструиран водоводот, во должина од 100 метри и за прв пат на оваа улица се постави атмосферска канализација.
Ударните дупки и уништениот асфалт кои го оневозможуваа нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, на што реагираа граѓаните, е заменет со квалитетни павер елементи, во црна боја. Изедначено е нивото на тротоарот со рабници, а од едната страна на улицата поставен е композитен канал за одводнување.
И овој проект е дел од акцијата „Нова пролет, нова офанзива“.