Насловна / Архитектура / Комплексот Punta Majahua на спектакуларно парче земја на брегот на Мексико

Комплексот Punta Majahua на спектакуларно парче земја на брегот на Мексико

Zozaya Arquitectos изгради луксузни резиденции на плажа направени од закривени sидови, мазни агли и извајани детали во Troncones, Мексико.

Наречени Punta Majahua, резиденциите од 7.773 квадратни метри се наоѓаат во станбен комплекс стратешки лоциран на спектакуларно парче земја од десет илјади квадратни метри на полуостров, северно од Troncones, во држава Guerrero, Мексико.

Замислени како резиденции на плажа, архитектонскиот јазик на вилите е органски и дефиниран во флуиден архитектонски стил кој се интегрира на најдобриот можен начин за да се прилагоди на локацијата.

29_resize

26_resize

Комплексот има шест бјекти со по три ката и пет до осум стана, вкупно 39 единици, со покриена гаража, терен за веслање, семеен базен, канцеларија, теретана, простор за персонал и услуга, овоштарници за жителите и зелени површини.

1_resize

5_resize

Вилите се проектирани да ја искористат положбата и морфологијата на земјиштето, во оваа смисла, архитектите го поставиле главниот приоритет, да се изградат на најдобрата локација која може да се замисли за овие резиденции, сместувајќи ги најблиску до океанот .

Како резултат, вилите имаат спектакуларен поглед на океанот и приватноста помеѓу единиците и ориентацијата кон север, што е идеално покрај плажата за намалување на потрошувачката на енергија, а и да се задржат единиците доволно оладени.

На приземјето, сите станови имаат полуприватни градини со ексклузивни излези на плажа, а горните станови се истакнуваат по својот поглед кон океанот и Sierra Madre на задната фасада.

2_resize

3_resize

„Архитектурата на проектот се фокусира на употреба на закривени ѕидови на приземјето и фасадите“, велат од  Zozaya Arquitectos.

„Со тоа што отстапуваме од традиционалните агли од деведесет степени, создаваме мошне посебни и единствени домови, каде што употребата на закривени sидови ни овозможи да ги решиме просторите на поинтегрален начин, и експоненцијално го подобривме погледот, ориентациите и вкрстената вентилација “.

7_resize

13_resize

„Следствено на тоа, создадовме флуидни и динамични волумени, во кои постигнавме рамнотежа помеѓу народната и современата архитектура за да создадеме резиденции функционални и лесни за одржување“, додаваат од бирото.

Архитектите избирале локални материјали, кои вообичаено се користат во традиционалниот стил на крајбрежјето Zihuantanejo, како што се sидови од тула, бамбус, суви гранки на палми за летниковци, речни камења за украсување на патеките и подлоги во ентериерот, мермерни подови обложени со грмушки, дрво од парота и столарија од бамбус.

8_resize

20_resize

За пејзажниот проектот, бирото направило обемна анализа на самото место и се обиделе да го разберат локалниот екосистем, поради недостаток на вода во регионот.

„Подрачјето се састои од регенеративен пејзаж, кој користи регионална палета зеленчук, со мала потрошувачка на вода и е во состојба да го издржи ветерот од океанот и солта, како и засадување на локални овошки и употреба на тревнати површини и чакал во разни секвенци за да се намали потрошувачката на вода“, објаснува тимот.

16_resize

18_resize

Архитектите нагласуваат дека Punta Majahua е апсолутно извонредна по својата симбиоза и интеграција со природата, и без сомнение, револуционерна за развојот на заедницата Troncones, која се здоби со голема популарност и престиж помеѓу меѓународните туристи, кои се собираат во регионот не само како во место со одлични бранови.

23_resize

„Но, исто така, има поинаков и нов начин на живот, со поприродни, органски, похармонични вибрации и се чувствува усогласеност со брегот на мексиканскиот Пацифик, што заедно прертставува совршена состојка за природен живот“, велат Zozaya Arquitectos.

24_resize

19_resize

25_resize

default

7_resize

14_resize

15_resize

11_resize

10_resize

4_resize

22_resize

Испрати коментар

Scroll To Top