Неодамна отворениот музички центар “Tivoli Vredenburg” обединува различни концертни хали, дизајнирани од различни архитектонски бироа, во една сруктура за емисии со широк спектар на музички жанрови од џез, поп, класична, рок, метал, EDM, итн.
Во склоп на целокупната рамка, NL architects направија формално комплексен и наизглед лебдечки простор за музички изведби наречен „Пандора“. Неговата морфолошка геометрија претставува линк меѓу централното концертно јадро со другите делови на зградата, кој исто така екстензивно се проширува кон надворешноста со погледи кон Утрехт.
Музичката палата е изградена врз постоечка музичка сала и е дел од еден поголем проект наменет за реновирање на градската станица. Целокупниот проект беше осмислен од Аrchitectuurstudio HH, кои проектираа четири од новите сали за изведба, а останатите три им припаднаа на аТА, Jo Coenen и Nl Architects. Различните простори се предвидени за широк спектар на музички жанрови, а објектот има цел да ги обедини различните социјални групи.