Насловна / Вести / Комплексна колекција заснована на едноставност

Комплексна колекција заснована на едноставност

The Collage Collection е систем на полици и плакари дизајниран од шпанската фирма DSIGNIO за „Back to 1907“. Направен е од коцки и коцкички кои се преклопуваат и се појавуваат на ѕидот како истиснат елемент. Инспирирана од уметноста на дваесеттиот век, идејата била да се создаде употреблив предмет со повторување на едноставни елементи.

8

Носејќи траги од кубизмот, неопластиката и супрематизмот, дизајнот на колекцијата се фокусира на создавање комплексен систем на едноставни предмети без излишни елементи. Затоа е прочистена до наједноставните форми и сите украси се отстранети. Можни се различни композиции на дизајнот.

1

Силата на колекцијата се зголемува со додавање елементи како софа, фотелја, маса итн. Според дизајнерите, „Крајниот резултат е на половина пат помеѓу уметноста и дизајнот. Тоа не е скулптура; тоа е објект што личи на скулптура, комплексна колекција заснована на едноставност”.

5

7

10

9

3

4

6

Испрати коментар

Scroll To Top