Сместени долж карпестиот раб на островот Geoje во Јужна Кореја, комплексот „Јазолни куќи“ се состои од пет одвоени станбени единици составени од аголни бетонски ѕидови и покривни површини. Дизајнирани од лондонското ателје Chang, шемата на повлекување во проектот создава интимни простори и индивидуализирани видици кон океанот за секоја од куќите посебно. Комплексот е развој на хотелиерската група “House of mind” и служи како резиденцијален одмор на сопственикот и гостите.
Поради тесната природа на локацијата, секоја станбена единица е поставена под агол од 40 степени во однос на брегот, за да се овозможат непрекинати погледи кон океанот и зголемена приватност. Стратегијата, исто така, овозможува подинамичен состав создаден од пет структури. Затворени од страна на влезот, секоја од резиденциите се отвора со голема стаклена ѕид-завеса кон океанот. Покрај тоа, шумичката со борова линија на работ од карпата ги филтрира панорамите кон водата.
Највисоката структура од комплексот е клуб на комплексот, како и престојувалиште на сопственикот. Тој е составен од две нивоа и има базен со „бесконечен“ раб, што визуелно ги спојува елементите на водата тука и океанската во заднината. Следните четири живеалишта се сместувачки капацитети за шест гости и се направени од едно ниво на приземје.