Американската вселенска агенција НАСА ја истражува површината на Марс каде што планира во блиска иднина да живеат луѓе.
Овие први колонисти ќе мораат со нешто да се хранат, а идеална намирница за одгледување на вонземски услови, според мислењето на научниците, е компирот.
Перуанскиот Центар за одгледување компири (ЦИП) и НАСА моментално истражуваат која меѓу 4.500 сорти од ова растение што се произведува во Перу е најпогодна за одгледување на црвената планета.
Научниците во лабораторијата ќе репродуцираат атмосферски услови на Марс користејќи ја земјата од перуанската пустина Пампас де ла Хоја, која има речиси идентични својства како и таа на црвената планета.
– Големото ниво на јаглероден диоксид ќе биде во корист на посевите што ќе даваат два до четири пати поголем принос, отколку на нормалното, земско ниво. Јаглерод диоксид сочинува 95 отсто марсовска атмосфера, се наведува во соопштението на ЦИП – јави американската телевизија „Ци-Ен-Би-Си“.
Доколку експериментот успее, НАСА на Марс и на други планети, еден ден ќе гради куполи за одгледување компири, токму како во филот „Марсовец“ на Ридли Скот, каде главниот јунак, кој го игра Мет Дејмон, го открива начинот како на црвената планета да се одгледува ова растение богато со витаминот Ц, железо и цинк.