Насловна / Вести / Компанијата Tesla тврди дека може да рециклира 92% од материјалот во батериите за електрични возила

Компанијата Tesla тврди дека може да рециклира 92% од материјалот во батериите за електрични возила

Производителот на електрични возила Tesla, рециклирал 1.300 тони никел, 400 тони бакар и 80 тони коблат, во 2020 година. Во својот неодамна објавен  2020 Impact Report, компанијата тврди дека сега има капацитет да рециклира 92% од материјалите во батериите, благодарение на подобрениот процес. Компанијата со години работи со трети фирми за рециклирање, со цел да ги зајакне своите капацитети во оваа област. Со тоа, тие се надеваат дека ќе ги намалат трошоците за заштита на животната средина. Уште од своето формирање во Tesla се свесни за влијанието врз животната средина од производството на батерии.

recycling1

Производството на литиум-јонска батерија емитува помеѓу 61 и 106 килограми јаглерод диоксид по kWh капацитет на батеријата. Токму затоа, подобрувањето на процесот на рециклирање е една од најприоритетните цели за компанијата, паралелно со подобрувањето на безбедноста нa возењето, преку својот full self-driving software. Како што Tesla истакнува во својот извештај, „батеријата е проектирана да го надживее самото возило“. Токму затоа, декомисијата засега ги опфаќа само првите батерии од Model S, од пред девет години.  Tesla вели дека нивните фабрики за батерии започнале да инкорпорираат сопствен затворен систем на рециклирање, кој ќе обезбеди рециклирање на 92% од вградениот материјал. Првата фаза од постројката за рециклирање е имплементирана во Gigafactory Невада, во последниот квартал на 2020 година. Nevada in the fourth quarter of 2020. Истата технологија наскоро ќе биде имплементирана и во новата Gigafactory во Германија.

recycling2

recycling3

Испрати коментар

Scroll To Top