Насловна / Арт и дизајн / Компанијата „Тесла“ претстави електричен автомобил за деца

Компанијата „Тесла“ претстави електричен автомобил за деца

Автомобилската компанија „Тесла“ одлучи и за децата да создаде мини верзија на моделот Tesla Model S, со што ќе биде воодушевено секое дете.tesla za deca

Носивоста на овој симпатичен мини автомобил Tesla Model S изнесува 37 килограми, а цена му е 499 долари. Брзината му е 9,7 километри на час, и сигурно ова ќе биде омилена играчка како подарок не само за момчињата, но, исто така и за девојчињата од 3 до 8 години, бидејќи кој не би сакал да се вози по улица со вакво „кул“ возило?

Детскиот моделот „Тесла“ е опремен со опции со кои може да се пофали секој автомобилски модел за возрасни луѓе.

Возилото содржи аудио систем, багажник, светла и, се разбира, акумулатор кој овозможува три часа возење пред да се испразни. За 50 долари повеќе може да се добие моделот со акумулатор кој трае 4,5 часа.

Овој „кул“ автомобил може да се резервира на официјалната веб страница на компанијата „Тесла“, и се продава во три различни бои.

Испрати коментар

Scroll To Top