Насловна / Вести / Компанијата „Тесла Моторс“ го претстави најбрзиот автомобил кој сериски се произведува

Компанијата „Тесла Моторс“ го претстави најбрзиот автомобил кој сериски се произведува

Tesla najbrz model

Компанијата „Тесла Моторс“ тврди дека новата верзија на нејзиниот модел на електричен автомобил „S“, кој сериски се произведува, е најбрза на светот според забрзувањето кое го постигнува од 0 до 100 километри на час.  Имено, компанијата тврди дека лимузината S P100D, може да забрза до 100 километри на час за само 2,5 секунди. Спортскиот автомобили LaFerrari  и Porsche 918 Spider  се побрзи, но се работи за автомобили со специјална намена  кои чинат милион долари и повеќе не се произведуваат, вели директотот Илон Маск.

Tesla najbrz seriski avtomobil

Новиот S модел P100D, има нов пакет батерии со што дометот на автомобилот со едно полнење достигнува 613 километри, додека сегашната верзија на моделот, со едно полнење може да помине 542 километри. Маск објасни дека хемијата на батериската ќелија е иста, но батеријата е реконфигурирана за да складишти повеќе енергија во истиот простор и да има подобро ладење. Моделот S P100D  чини најмалку 134.500 американски долари, а цената на SUV X P100D моделот почнува од 135.500 американски долари. SUV верзијата, забрзува од 0 до 100 километри за 2,9 секунди.

 

Испрати коментар

Scroll To Top