По спојувањето на „Tesla“ и „ SolarCity“, кое беше финализирано неодамна извршниот директор Илон Маск (Elon Musk), еден од најинвентивните инженери на денешницата, ги претстави плановите за изградба на „соларен кров“ во кој ќе биде интегрирана технолигијата на теслините батерии. Кај сегашните соларни покриви , фотоволтаичните панели се поставуваат врз постоечкиот покрив.
Наместо ова, Маск предлага интегрирано решение, односно замена на старите кровни плочи со нови кои истовремено ќе генерираат електрична енергија од Сонцето. Соларните кровови ќе се произведуваат во новата фабрика на „SolarCity“, во Бафало, Њујорк.
Нема најави кога овие кровови ќе се појават на пазарот, а сѐ уште нема ни информации за цената и останатите детали. Сепак , Маск истакнува дека кога ќе бидат претставени соларните кровови „луѓето ќе бидат навистина возбудени од она што ќе го видат“.