Германската енергетска компанија RWE е наградена со највлијателната европска награда за стопанство и животна средина GreenTec во категоријата „енергија“ за проектот Smart Country. Уште од 2011 година компанијата врши истражувања во регионот Bitburg – Pruem, односно открива алтернативи за задоволување на потребите од енергијa во руралните средини, преку примена на паметни решенија и нови технички компоненти, а моделот Smart Country ги интегрира во постоечката дистрибутивна мрежа.
Тие компоненти вклучуваат иновативен систем на биогас кој служи за складирање на електрична енергија, когенеративна електрична централа, фотоволтаици, ветерници и регулатори на напонот. Во мај 2012-та RWE доби државна награда за истиот проект.