Хрватската прехрамбена компанија „Подравка“ очигледно била задоволна од резултатите остварени со својата прва фотоволтаична електрана „Калник“, со инсталирана моќност од 350 kWp, која ја инсталирала на почетокот на 2020 година во Вараждин, па решила да ги прошири инвестициите во истата насока. Новата фотоволтаична електрана „Подравка – Даница“ ќе има инсталирана моќност од 2,4 MWp, а очекуваното годишно производство е 3,2 GWh. Ако се собере производството на двете фотоволтаични електрани и се спореди со вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија на „Подравка“, која е 77 GWh, соларната енергија ќе обезбедува околу 5% од потребите на компанијата. Вредноста на инвестицијата за фотоволтаичната електрана „Даница“ е 1,37 милиони евра, од кои 680.000 евра се неповратни средства обезбедени од ЕУ и хрватската влада преку програмата за рурален развој. Очекуваното време за враќање на инвестицијата, сметајќи ги вие неповратни средства е 3,5 години.