Насловна / Вести / Компанијата Emirates го трансформира првиот Airbus A380 во мебел и сувенири

Компанијата Emirates го трансформира првиот Airbus A380 во мебел и сувенири

Компанијата Emirates од Дубаи, која авионот Airbus A380, го истакнуваше како темел на својата глобална мрежа, почна со расклопување на еден од овие воздухопловни џинови, бидејќи ги заменува со помали модели.  Најавата за расклопување на авионот дојде само неколку недели пред Emirates да го превземе својот последен A380 од Airbus, со што завршува една ера во која тој патнички млазњак беше во центарот на плановите за раст на оваа компанија.

airbus1

При расклопувањето, ќе бидат сочувани моторите и компонентите за контрола на летот од 13-годишниот авион, кој на својот прв комерцијален лет од Дубаи до Њујорк полетал во август 2008 година. Останатите делови ќе се претворат во мебел, сувенири и други предмети за продажба, а дел од приходите ќе оди за добротворни цели. Во 2019 година, Aibus после 12 години го прекина производството на нови A380. Emirates бил најголемиот купувач на овие авиони, нарачувајќи 118 superjumbo авиони. A380 бил популарен и меѓу патниците. Emirates соопштил дека A380 и натаму ќе има клучна улога во флотата на компанијата и дека новиот A380 ќе има нова premium економска класа.

airbus2

Испрати коментар

Scroll To Top