Кога компанијата Continental во 2014 година ги претстави првите пробни пневматици изработени од иновативен материјал, т.н Taraxa gum (име кое потекнува од ботаничкиот назив за глуварчето – taraxacum), се мислеше дека станува збор за само уште една истражувачка идеја на компанијата. Денес, четири години покасно, на североистокот на Германија, на 30.000 квадратни метри сместена е лабораторијата и развојниот центар за производство на автомобилски гуми токму со користење на руско глуварче. Оваа билка може да биде одгледувана на претходно некористени површини со умерена температура ширум Европа, па во случајов избрани с елокации токму во близина на фабриките на Continental. Тоа е добар начин да се редуцира транспортот и да се намли негативното влијание врз животната средина.
Целта на ова истражување, е да се најде алтернатива на досегашниот извор, кој се користи за оваа намена, а тоа е каучукот од посебните видови дрвја во тропските шуми. Во случај на позитивни резултати, планирано е во наредните десет години, глуварчето да се воведе во сериско производство, со што ќе се овозможи производство на пневматици на еколошки прифатлив и одржлив начин.
Долгорочната цел на компанијата, е да го направи производството на пневматици потполно независно од традиционалните суровини.
Во 2014 година, оваа проектна идеја за користење на глуварчето, ја доби престижната награда за зачувување на животната средина и економијата GreenTec.