Coca-Cola HBC ја објави својата посветеност во постигнување на нулта стапка на емисија на стакленички гасови, во целиот свој вредносен ланец, до 2040 година. До 2030 година, компанијата ќе ја намали стапката на емисии за 25%, со понатамошно намалување од 50% во следната деценија.
Онаму каде емисиите не ќе може во целост да бидат отстранети, компанијата ќе ги намали преку вложување во други мерки за заштита на климата. Coca Cola во тој план има намера да вложи 250 милиони евра до 2025 година, преку користење на „зелена“ енергија, амбалажа со ниска стапка на емисии на јаглерод диоксид, како и со користење на рециклирана пластична амбалажа. Исто така, тие планираат да ги снабдат купувачите со енергетски ефикасни ладилници, да ги намалат емисиите од возилата и од состојките од земјоделско потекло. Компанијата оваа година е прогласена по петти пат за најодржлив производител на пијалоци според индексот на одржливост на Dow-Jones.