Американската компанија Boeing неодамна ја отвори својата нова фабрика за производство на авионите 737, и тоа во време на тензичните преговори меѓу Кина и САД во сферата на трговијата.
Со веќе договорена испорака на првиот авион за Air China, новата фабрика е лоцирана на 290 километри оддалеченост од Шангај. Со овој потег Boeing сака да зграби удел во компетитивниот кинески пазар и да му парира на својот најголем конкурент Airbas. Кинескиот пазар е еден од најбрзорастечките во областа на авиосообраќајот, и претендира да ги престигне САД во следната деценија. Boeing, најголемиот извозник на авиони од САД, има удел од 25% на кинескиот пазар, односно го испорачал секој четврти авион на ова подрачје. Во следните 20 години, оваа компанија планира да испорача 7.700 нови авиони само во Кина.