Насловна / Вести / Компанијата „Apple“ во акција за самоодржлив развој

Компанијата „Apple“ во акција за самоодржлив развој

Компанијата „Apple“ неодамна објави дека купила земјиште од 36 илјади хектари шума со цел да ја заштити од нејзиниот иден развој. Земјиштето се наоѓа помеѓу Мејн и Северна Каролина во Америка, место за кое компанијата е сигурна дека ќе им овозможи самоодржлив извор за пакување на нивните призводи.

самоодржлив-развој-1

Компанијата „Apple“, исто така објави дека под нивно раководство во тек на изградба се две нови соларни фарми во Кина. Овие фарми се планира да произведуваат околу 80 милиони киловат часови годишно, напојувајќи ги локалните жители и бизнис центри со чиста енергија.

самоодржлив-развој-3

Со ваквата постапка „Apple“ прави обид да ги поттикне и другите големи бизниси во светот да размислуваат на ваков начин и во нивниот производствен процес да вклучат извори на одржливи суровини, како метод на „позеленување“ на нивните финални производи.

самоодржлив-развој-2 самоодржлив-развој-4

Испрати коментар

Scroll To Top