Компанијата Airbnb која минатата година не била на листата на Glassdoor, оваа година го симна и Google од престолот.
Најпознатата компанија во светот која се занимава со хотелско сместување и со изнајмување на станови, Airbnb, прогласена е за најдобро место за работа, според компанијата за вработување Glassdoor.
Интересно е тоа што минатата година, Airbnb не била дури и на списокот за евентуални кандидати, а оваа година од престолот ја собори и компанијата Google, која заврши на 8-то место.
Листата на Glassdoor за Северна Америка и дел од Европа е рангирана според изјавите на вработените, бидејќи кој знае подобро за условите и местото на работа, ако не самите вработени.
Компанијата Airbnb е основана во 2008 година, и денес можеме да кажеме дека токму Airbnb ја измени хотелската индустрија во целост, а нивните остварени приходи на годишно ниво се мерат со стотици милиони долари.
Купоните за патување на нивните вработени се само едни од посебностите, па не е чудно што вработените високо ја рангираат својата компанија. Компанијата што ги цени своите луѓе и вредноста на различните култури може да биде пример за сите.