Насловна / Вести / Компаниите за зелена индустрија полека ја напуштаат Европа

Компаниите за зелена индустрија полека ја напуштаат Европа

Една фабрика од областа на т.н „зелена индустрија“ во Фрајбург, Германија, затворена е во средината на март, при што 500 работници останаа без работа. Така, таа се придружи на растечката листа на европски фабрики кои се затвораат или се селат. Во минатата гоидна, ваквата судбина ја делат најмалку 10 фабрики во Германија. Европските влади кои најавуваат поддршка на својата соларна индустрија, изгледа доцнат со овие свои мерки. Барем извесно е дека веќе е доцна за компанијата производител на соларни панели Meyer Burger, која се подготвува за продолжување на производството во САД.  Слично на тоа, производителот на батерии Freyr,кој главно работи во Норвешка, ја запре работата на половина завршената фабрика во близина на Арктичкиот круг, и се фокусира на плановите з анова фабрика во Џорџија, САД, откако официјален Вашингтон најави субвенции.

1_113

Факт е дека зелените технологии односно зелената индустрија е до таа мера глобално испреплетена, така што на европските производители им е незамисливо да обезбедат целосно независни синџири на снабдување. Норвешката компанија NorSun, која го изработува тенкиот силициумски филм за соларните панели, вели дека и е неопходна кинеска опрема и за својата норвешка фабрика и за својот погон во САД. Од друга страна, Кина продолжува да го шири своето производство и сега сочинува 80% од светските капацитети за производство ан соларни панели. Таму трошоците за производство се околу 12 центи по Wp, додека во Европа тие изнесуваат 22 центи.

1_114

 

Испрати коментар

Scroll To Top