Насловна / Вести / Компаниите „Тесла“ и „Панасоник“ заедно ќе произведуваат соларни панели

Компаниите „Тесла“ и „Панасоник“ заедно ќе произведуваат соларни панели

tesla-panasonik

Компаниите „Тесла“ и „Панасоник“ имаат намера заедно да произведуваат соларни панели во погоните на SolarCity во Бафало. Во октомври 2016-та, двете компании најавија дека ќе произведуваат соларни панели доколку „Тесла“ ја купи компанијата SolarCity. Зделката е реализирана, и производство на соларни панели е извесно дека ќе има, но меѓу производите засега нема да се најде соларниот покрив, кој како иновација беше претставен од страна на „Тесла“ минатава есен. Според договорот,

solarcityfactory

„Панасоник“ ќе произведува фотоволтаични ќелии со висока ефикасност. „Тесла“ ќе ги купува, а производството ќе стартува на лето. До 2019 година „Панасоник“ годишно ќе произведува соларни панели со капацитет од 1 GW. SolarCity има обврска да вработи 1400 луѓе.

solarcity

Двете компании веќе соработуваат во Теслината постројка Gigafactory на производство на батерии за електрични автомобили.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top