Еден од ретките сектори кој моментално е во пораст е енергетиката. Енергетската криза силно ја погоди Европа, што компаниите вклучени во производството на нафта и природен гас, како што се Chevron и Exxon, целосно ја користат. Овие фирми забележаа рекордни профити во вториот квартал. Според аналитичарите, се очекува овој сектор да порасне за 11 отсто во следните пет години.
Пазарните услови за компаниите во секторот се одлични и додека повеќето акции оваа година паѓаат, акциите на Chevron скокнаа за 44 отсто, а на Exxon за неверојатни 69,8 отсто.
Ембаргото на ЕУ за руската нафта, покрај одлуката за намалување на увозот на руски природен гас, придонесе и за енергетската криза. ОПЕК+, предводен од Саудиска Арабија и Русија, на состанок на почеток на месецов одлучи да го намали производството за два милиони барели дневно. Намалувањето ги изненади пазарите и го разлути, пред се американскиот претседател Бајден, кој се надеваше на пониски цени на нафтата пред изборите во првата половина на ноември.
Меѓутоа, овој потег ги воодушеви енергетските компании кои имаат корист од повисоките цени на нафтата. ExxonMobil, Chevron и Shell остварија заработка од 46 милијарди долари во вториот квартал, овие три компании поставија нови рекорди за квартална заработка. Додека трговците се загрижени за рецесијата, никој не е загрижен за финансиската состојба на енергетските компании.