Насловна / Архитектура / Комората со анкета за надминување на проблемите со институциите при изработката на Проектната документација

Комората со анкета за надминување на проблемите со институциите при изработката на Проектната документација

Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ достави до своите членови Анкетен лист за надминување на проблемите со надлежните институции при изработка на Проектна документација, добивање на Одобрение за градење или пуштање на објект во употреба.

ak

Архитектите веќе подолго време се соочуваат со низа проблеми, потешкотии и несогласувања со надлежни институции при изработката на Проектната документација и целокупниот процес на добивање на одобрение за градење, како и во целокупното времетраење на изградбата на објектите, па се до нивното пуштање во употреба. Истите може да се во насока на несоодветно толкување на законската и подзаконската регулатива или одредбите од издадената Планската документација, неусогласености во разичните законски регулативи, издавање Извод од план со непотполни информации, непотребни или несоодветни барања за дополнување на Проектната документација, долготрајни процедури и надминување на законски предвидените рокови без соодветно објаснување и слично.

Во интерес на надминување на овие проблеми кои ги отежнуваат проектантските процеси и процесите на изградба на објектите, а во насока на подобрување на условите за работа на архитектите,  анкетата дава можност да се посочат негативни искуства.

Целта на анкетата е добиените податоци да бидат обработени од страна на КОАИ и да се користат исклучиво за преземање на активности за надминување на овие проблеми.

ak3нас

 

Испрати коментар

Scroll To Top