Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ ги кани своите членови да се придружат на Autodesk предавање во живо – второ од низата активности на Smart Solutions – авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со КОАИ, а со цел запознавање на членовите со БИМ алатките и методите на работа во БИМ.
На ова предавање ќе се започне со „Први чекори во Revit“ и Ведран Орешиќ, а ќе се придружат Никола Стрезовски со темата „БИМ: Како со помалку работа, да направите повеќе“, како и Трајче Стојанов со своето излагање за „Revit LT – БИМ за сечиј џеб“
Вебинарот е наменет за сите професии заинтересирани за БИМ процесот, со посебен акцент на архитектите. Предавањето ќе се одржи на 30-ти март во просториите на Комората. Местата се со ограничен број, неопходна е регистрација.
ВАЖНО: Регистрацијата се врши со праќање емаил [email protected]