Насловна / Вести / Комората на овластени архитекти и инженери востанови награди

Комората на овластени архитекти и инженери востанови награди

komora-6g_glavna
Во рамките на одбележувањето на шестата годишнина од основањето, Комората на овластени архитекти и овластени инженери востанови четири награди, кои ќе ги носат имињата на починатите истакнати инженери од македонската богата инженерска историја, од областа на архитектурата, градежништвото, машинството и електротехниката, со кои ќе се вреднува достигнувањата на најдобрите и најистакнати инженери.

Наградата од областа на архитектурата ќе го носи името на професорот Борис Чипан. Наградата од областа на градежништвото ќе го носи името на професорот Александар-Цане Ангелов. Наградата од областа на машинство ќе го носи името на професорот Илија Черепналковски и наградата од областа на електротехниката ќе го носи името на професорот Станимир Јовановски.

Во тој контекст, Комората денес додели благодарници на неколку свои истакнати членови, кои несебично помогнаа во основањето и работата на Комората во изминатите шест години. Благодарници им беа доделени на 10 нејзини  истакнати членови: Јагода Мицајкова,  Виолета Стојанова,  проф. д-р Мирослав Грчев,  Мирко Андовски,  проф. д-р Санде Атанасовски,  Станислава Додева,  Гани Идризи,  Мирко Стојановски,  Петраки Мано и проф. д-р Васил Витанов.

Испрати коментар

Scroll To Top