--> -->
-->
Насловна / Вести / КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО ДОНАЦИЈА ОД 485.000 ЕВРА ЗА ФОНДАЦИЈАТА „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ ОСНОВАНА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО ДОНАЦИЈА ОД 485.000 ЕВРА ЗА ФОНДАЦИЈАТА „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ ОСНОВАНА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Убедени дека во моменти на голема болка и тага, солидарноста, заедништвото и хуманоста создаваат надеж, Комерцијална банката е и еден од основачите на фондацијата „Заедно за едно“, која има за цел да обезбеди долгорочна финансиска поддршка и грижа за настраданите лица и за нивните најблиски.

 

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Банката ќе донира финансиски средства за долгорочна помош за настраданите и нивните семејства, кои ќе бидат наменети за задоволување на основните потреби (храна, облека, сместување, лекови), покривање трошоци за медицински третмани, операции и рехабилитација, поддршка на менталното здравје, како и за стипендии и грантови за поддршка во образованиот процес и во професионалната реинтеграција.

Како докажан поддржувач на општеството и на граѓаните, Комерцијална банка останува цврсто посветена на својата мисија да биде двигател на позитивни промени и на поддршка за заедницата, особено во тешки времиња кога сочувството и емпатијата помагаат барем малку да се ублажат болката и последиците, соопшти банката.

Сите потребни информации за семејствата на починатите и на повредените лица да ја добијат неопходната финансиска помош ќе бидат објавени на веб-страницата на МБА.

Испрати коментар

Scroll To Top