Silent Light е уметнички проект во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Автор на оваа инсталација е Luise Kloos, познатa австрискa уметничка од Грац, која конструира грандиозна site specific инсталација од стаклопластика во галеријата „Бачва“ при Хрватското здружение на ликовните уметници (ХДЛУ). Инсталацијата ја рефлектира светлината на галеријата и создава две несекојдневни искуства на перцепција. Silent Light е „простор на вештачка природна светлина“, кој повикува на сеќавање и контемплација.
Silent Light е комеморативна инсталација за 70-годишнината од крајот на Втората светска војна, која може да се погледне до 8 февруари.