Насловна / Вести / Комбинацијата на фотоволтаици и топлински пумпи им донесе големи заштеди на домаќинствата во Европа

Комбинацијата на фотоволтаици и топлински пумпи им донесе големи заштеди на домаќинствата во Европа

Извештајот на Solar Power Europe, ги анализира заштедите кои домаќинствата ги оствариле со користење на три различни технологии: фотоволтаици, топлински пумпи и комбинација на фотоволтаици и топлински пумпи. Остварените заштеди се пресметани во споредба со трошоците кои граѓаните би ги имале доколку електричната енергија би се купувала на пазарот, а за греење би се користел природен гас.  Анализата е направена за Италија, Германија и Шпанија, европски земји во кои природниот гас игра доминантна улога како енергент за затоплување на домовите.

pumpapv1

Резултатите зборуваат дека домаќинствата со комбинација на фотоволтаици и топлински пумпи, во текот на минатата година заштедиле до 3.700 евра. Извештајот открива дека станбените единици со средна големина, со фотоволтаици оствариле заштеди на сметките за енергија за 2022 година до 64%, а во комбинација со топлинска пумпа дури до 84%. Таквите домаќинства ќе продолжат да имаат бенефит од своите инвестиции и во наредните години во сите ценовни сценарија, дури и ако цените на гасот се стабилизираат на пониски нивоа отколку во 2022 година. Извештајот ги повикува ЕУ и националните влади да создадат услови домаќинствата со комбинација на фотоволтаици и топлински пумпи во рок од десет години.

pumpapv2

Во извештајот се нагласува дека профилот на оптоварувањето на фотоволтаиците и топлинските пумпи, изненадувачки добро се совпаѓаат во текот на целата година, посебно во комбинација со акумулационата резерва или бафер (buffer tank). Оваа комбинација ги намалува сметките на домаќинствата за енергија, а исто така му користи на енергетскиот систем во целина. Во суштина, фотоволтаичните системи значајно ја подобруваат исплатливоста на топлинските пумпи, па заштедите се повеќе од три пати поголеми во споредба со ситуацијата кога се користи само топлинска пумпа, стои во извештајот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top