Насловна / Архитектура / Комбинација на традиционални материјали и модерна технологија на градба

Комбинација на традиционални материјали и модерна технологија на градба

Неодамна е завршена куполна прототип куќа изградена со техника за 3D печатење која е сместена во руралниот дел, помеѓу Болоња и Равена. Тоа е всушност мешавина од традиционални градежни материјали и напредни градежни технологии. Направена е од локална глина која се користела како материјал за 3Д печатење. Со помош на Crane WASP, ново развиен модуларен 3Д систем за печатење, е изградена одржлива куќа со две спални. Ова е прва 3Д-отпечатена конструкција што користи автохтоно земјиште како влез за градба.

3D

Зад овој експериментален проект стои компанијата Mario Cucinella Architects со седиште во Болоња и Милано (MC A), која го направи прототипот, додека конструкцијата ја водела водечката италијанска компанија за 3Д печатење WASP. Истражувањето е поддржано од Болоњската школа за одржливост – SOS, центар за постдипломски студии основан од сопственикот-директор MC A.

Куќата, наречена TECLA, го добила своето име од првичните зборови на англиски јазик за глина “TEchnology” и “CLAy”. Инспирацијата била од измислениот локалитет од романот на Итало Калвин „Невидливи градови“. Меѓусебно поврзаните куполни предмети имаат форма што потсетува на гнездо од оса.

3D-1

Глината е земена од местото каде што е изградена, измешана со вода, влакна од оризова лушпа и врзивно средство. Употребата на локална глина, биоразградлив материјал што може да се рециклира, и дава на куќата, односно на нејзиниот „омот“, карактеристики на нула отпад. Куќата е дизајнирана да функционира целосно офлајн благодарение на системите за собирање дождовница и инсталираните фотоволтаични и соларни панели.

TECLA е првото еко-живеалиште изградено со користење на повеќе поврзани принтери, системот Crane WASP, и служи како пример дека 3Д технологијата е способна да создава објекти со оптимизирање на процесот на градење и минимизирање на употребата на луѓе и енергетски ресурси. Во овој проект, за прв пат, се искористени две независни „краци“ за печатење, кои биле синхронизирани со цел да се создаде конструкција.

3D-2

Објектот е сведен во форма на пештера, но е воздушен со преголеми отвори што овозможуваат природна светлина да навлезе во внатрешноста на куполата. Се состои од два купола. Во рамките на едната е голема дневна соба од отворен концепт, додека во другата е спална соба. Таа е опремена со мебел дизајниран од MC А.

Иако TECLA е дизајниран за регион во северна Италија каде што е имплементиран, оваа технологија за 3Д печатење е создадена за да се користи во руралните области на светот каде што има изобилни природни ресурси, но времето, парите и другите непроценливи ресурси не се. Соодветно на тоа, WASP го разви таканаречениот „Maker Economy Starter Kit“ кој се состои од повеќе 3Д принтери, комплексен систем на избор, мешање и користење материјали, овозможувајќи им на заедниците да ги искористат предностите на новите одржливи технологии, прифаќајќи ја циркуларната економија.

3D-3

Ваквите проекти имаат за цел да го ограничат индустрискиот отпад и да понудат одржлив модел, подобрување на благосостојбата на заедниците.

3D-4

Испрати коментар

Scroll To Top