Насловна / Архитектура / Колоритна експресија на банка во Токио

Колоритна експресија на банка во Токио

su_191214_01-630x525

Emmanuelle Moureaux Architecture + Design се дизајнерите на оваа шарена коцкаста надворешност за филијалата Nakaaoki на Sugamo Shinkin Banks во Токио, Јапонија.

su_191214_04-630x459

Објектот е сместен на агол од пресек на улици, каде има големо движење на автомобили, велосипеди и луѓе. Оваа уникатна локација е карактеристична, па затоа фасадата е направена така, да го менува својот изглед ритмички како што луѓето ја менуваат својата позиција во просторот.

su_191214_05-630x420

Боите се јавуваат во и надвор од ритмичкото повторување, во контекст на виножитниот тоналитет. Фасадата е составена од коцки со четири различни длабочини. Мали високи градини се создадени во овие 12 коцки, каде се рефлектираат сезонските промени во природата, со различни сезонски цвеќиња и дрвја, како што е маслиновото дрво.

su_191214_06-630x420

Градините може да се видат од отворениот простор на првиот кат и од делот за финансии како и кафетеријата, кои се сместени на вториот кат.

su_191214_07-630x420

Сончевите здраци се филтрираат низ зеленилото од градините на јужната фасада, така што обезбедуваат хармонична и пријатна атмосфера во банката. Боите, цвеќињата и дрвјата се појавуваат во и надвор од коцките кои лебдат, создавајќи момент на виножито. Колоритот шири среќа и удобност на посетителите и на вработените.

su_191214_08-630x420 su_191214_09-940x626

Испрати коментар

Scroll To Top