Хотелот Pantone е шарен дом далеку од дома, кој на посетителите им овозможува да се потопат во морето од бои. Лоциран во Брисел, Белгија, овој хотелски дизајн го привлекува секој посетител да ужива во плетеницата на бои во лобито, во самите соби па дури и на терасестиот покрив.
Дизајнерот на ентериерот Michel Penneman и архитектот Olivier Hannaert објаснуваат: „Нашиот ‘Хотел од бои’ ќе ги разбуди вашите сетила во низа од задоволства и игриви изненадувања“.
Свежата, изразито бела околина обезбедува чисто „модерно платно“ за Pantone мострите на бои и Pantone –уметничките дела кои се закачени на ѕидовите од собите како декор со храбри нијанси кои сјаат во форма на ленти, килими, ќебиња и селектирани парчиња мебел.
Седум палети на бои се употребени во 59 соби и во самиот прибор, од шолјите за кафе до велосипедите за изнајмување кои им се достапни на гостите, во сите видови на светли бои. Овој хотел дефинитвно нуди интересна естетика за секој да ужива и да се пронајде во колоритот.