Стариот стан кој поминал низ голема трансформација, се наоѓа во срцето на Будимпешта. Поради својата локација, нуди фантастичен поглед на некои од обележјата на унгарскиот главен град, како што е Парламентот на Дунав.
Задачата на архитектите од Margeza Design Studio била погледот максимално да се искористи, а напуштениот стан да дише нов живот.
Зелениот ѕид, стаклените ногарки на клупата, жолтиот мебел и тепих во облик на Будимпешта се главните детали за дневната соба.
Архитектите Маргит и Геза од бирото сместиле во овој стан неколку дизајнерски детали, кои го прават ентериериот крајно необичен и интересен.
Пред се, тука е впечатливиот и освежувачки колорит, живописните детали, како и големите прозорци кои покрај добриот поглед, овозможуваат многу светлина во поткровјето.
Еден од најинтересните детали се крие на подот. Имено, таму е поставен рачно изработен тепих во форма на Будимпешта со црвена точка која покажува позицијата на апартманот.
Дневната соба, покрај жолтата фотелја и необичните подни ламби, го краси и живиот зелен ѕид во ентериерот.
Белиот ентериер со живописните бои во детали дополнителн е збогатена со уште еден материјал – стакло. Ако подобро се загледате во фотографиите, ќе забележите дека клупата до прозорецот стои на стаклени ногарки, додека покрај софата е поставено полукружно стаклено масиче.
На двете нивоа од овој стан од 110 квадратни метри распореден е пространа дневна соба, две спални соби, како и тераса која обезбедува поглед на реката Дунав. Нивоата се поврзани со скалила, додека просторот испод е искористен за складирање на гардеробер од обоен МДФ со висок сјај. Се разбира, во бела боја.