Архитектот Yener Torun со својот објектив ја документира алтернативната страна на историскиот град Истанбул во Турција. Тој преку своите фотографии прикажува модерна архитектура, објекти со смели форми, живописни нијанси и „ткаени“ фасади во современ дизајн.
На овој начин се обидува да прикаже една поинаква страна на Истанбул и останатите турски градови, односно да отстапи од ориенталната перцепција на нив и да открие дека Турција може да понуди многу повеќе од џамиите и старите улици.
Архитектот, кој живее во Истанбул 14 години, е фасциниран од колористичната и модерна архитектура поставена покрај историските и раскошни објекти од минатото. Сето ова го прави градот истовремено и егзотичен и модерен, град на контрасти.
На неговите фотографии освен објекти може да се забележат архитектнски елементи, бои, форми, сенки и често го вметнува човекот како елемент во своите фотографии со цел да создаде приказна со самата фотографија.