Насловна / Вести / Колонизација на „Црвената планета“ во 2018

Колонизација на „Црвената планета“ во 2018

Од компанијата SpaceX преку својот Твитер објавија дека во 2018 година на планетата Марс ќе го лансираат својот шатл Red Dragon, за да ја тестираат најновата технологија.dragon_alone_on_stage

Ова е првиот сериозен чекор испланиран од милијардерот Елон Маск, основачот на Space x, кој не се откажува од идејата да биде предводникот на колонизацијата на „црвената планета“.

Шатлот ќе биде лансиран со ракетите што веќе се произведени од SpaceX, а се користат во мисиите на НАСА во функција на снабдување на меѓународната вселенска станица.
Иако во 2018 година нема да бидат испратени астронаути, туку единствено роботска опрема што ќе треба да испрати податоци назад до Земјата, сепак ќе претставува значаен исчекор во остварувањето на визијата на Елон Маск, кој смета дека првата група на колонизатори за Марс ќе отпатува во 2026 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top