Пандемијата на коронавирус целосно ја запре планетата и предизвика огромни последици врз секојдневната работа и живот. Во време кога ситуацијата е многу тешка добро е да се знае како се однесува вирусот и како може да се избегне.
Познато е дека „Ковид-19“ е воздушно респираторно заболување. Она што го прави овој вирус особено опасен е неговата висока стапка на инфекција, бидејќи има можност да преживее и надвор од човечкото тело – во воздухот, на метал, стакло, пластика … Ако овие површини не се добро дезинфицирани, инфекцијата може да се шири. Прашањето е колку коронавирусот преживува на површините што се наоѓаат во нашето опкружување.
Се покажа дека преносот од човек на човек има инкубација што трае од 2 до 10 дена и се пренесува преку воздушни капки. Овие капки се ослободуваат со кашлање, кивање или над рацете што се загадени со допирање на загадени површини. Степенот до кој лесно може да се шири оваа болест, укажува на фактот дека единечна кашлица може да ослободи три илјади капки, и дека, според студиите на американски виролог, вирусот може да преживее во воздухот до три часа откако ќе биде исфрлен од човечкото тело. Кога капките завршуваат на површини како што се sидови, облека, мебел или други предмети, вирусот се однесува поинаку во зависност од материјалот на кој паднал, пишува ArchD Daily.
Sars-Cov-2 (што е вистинското име за коронавирус) опстојува околу 72 часа на пластика и нерѓосувачки челик. На бакар се однесува поинаку и на него може да трае и до четири часа, што го прави најотпорен материјал за коронавирусот. Вирусот може да преживее на картон до 24 часа, затоа обрнете внимание на сите пратки во картонски пакувања.
Друго научно истражување ја има земено предвид отпорноста на 22 материјали на сите видови коронавируси, освен на самиот Sars-Cov-2, што е нејзина најнова мутација. Резултатите покажуваат дека на стакло и дрво вирусот преживува до четири дена, додека во алуминиум може да преживее само осум часа. Од друга страна, и уште поважно, истражувањата покажуваат дека коронавирусот може лесно да се отстрани од површината со средства за дезинфекција.