Насловна / Вести / Колку се навистина одржливи стадионите изградени за Русија 2018

Колку се навистина одржливи стадионите изградени за Русија 2018

Конечно започна долгоочекуваното Светско фудбалско првенство во Русија. „Порта3“ Ви ги претстави стадионите на кои ќе се играат натпреварите преку серија написи. Но, многумина ќе се запрашаат дали изградбата на сите нови стадиони за потребите на настанот, е во согласност со принципите на одржливост, првенствено кога станува збор за заштитата на животната средина.

FIFA1

Согласно заложбите на FIFA за поголема одржливост на стадоните, Русија 2018 е првото Светско првенство чии стадиони имаат обврска да бидат одржливи, и поглед на нивната изградба, и во однос на реконструкциите. Сепак, бројни еколошки активисти во Русија  тврдат дека некои од стадионите сепак се изградени врз ранливи екосистеми.

На пример, стадионот во Калининград, каде треба да играат Англија и Шпанија, согласно извештајот од FIFA, е изграден со еколошки прифатливи материјали, енергетски ефикасни системи за вентилација, греење и осветлување. Од друга страна пак, според екологистите тој е изграден во средиштето на едно од последните мочуришта во областа, кое преттавувало рај за ретки видови птици.

Kaliningrad

Изградбата на стадионот во Казан, е поврзана со протести кои се одржале во 2016 година против изградбата на паркинг простор за потребите на стадионот. Имено, паркингот е изграден врз ливада на која исто така имало ретки видови.

kazan

Стадионот во Саранск, исто така е изграден врз простор кој делумно бил мочуриште, што повторно покренува полемики во јавноста, иако официјалните лица тврдат дека „тој простор бил најгрдиот дел од градот“.

Saransk

Сепак, на FIFA мора да и се оддаде признание затоа што е првата спортска меѓународна организација која е потписник на Climate Neutral Now, во рамките на програмата на ОН за борба со климатските промени. Со тоа, FIFA се обврза да ги намали емисиите од патувањата во текот на Светскиот куп 2018, но и да стане јаглеродно неутрална до 2050. Од своја страна пак, екологистите сметаат дека оваа заложба FIFA веќе ја прекршила по две основи – спонзорството на „Газпром“, како и договорите со авионските компании.

 

Испрати коментар

Scroll To Top