Според новото истражување на Institute for Employment Research (IAB), Society for Economic Structural Research и Federal institute for Vocational Education and Training, преминот кон електромобилноста, долгорочно ќе ја чини Германија околу 144.000 работни места. Ова особено ќе биде изразено во автомобилската индустрија каде се проценува дека без работа можат да останат околу 83.000 работници. Во моментот, во Германија оваа водечка индустриска гранка вработува над 800.000 луѓе. Прогнозата се базира на претпоставката дека пазарниот удел на електричните возила до 2035 година ќе изнесува 23%. Причините за губењето на толкав број работни места се лицираат во фактот што производството на мотори со внатрешно согорување бара повеќе работници, додека електричниот погон е помалку сложена производна технологија и бара помалку работна сила.