Насловна / Вести / Колку пластика има во нашите океани?

Колку пластика има во нашите океани?

Секоја година во светот се произведуваат околу 400 милиони тони пластични производи. Околу половина од оваа количина се корсити за изработка на предмети за еднократна употреба. Се проценува дека 8 до 10 милиони тони од оваа пластика секоја година завршуваат во океаните. Со цел да се подигне свеста за загадувањето на океаните со пластика, Обединетите нации го прогласиле 8-ми јуни за Светски ден на океаните. Пластиката е најчестиот вид на отпад во океаните и учествува со 80% во нивното вкупно загадување. Најголем дел од пластиката која завршува во океаните доаѓа поради невоспоставени системи за управување со отпадот.

plastics2

plastics1

 

Микропластиката е посебна грижа за животната средина. Се проценува дека денес во океаните се наоѓаат помеѓу 50 и 75.000 милијарди парчиња микропластика. И додека истражувањата за здравствените последици кај луѓето од конзумацијата на микропластика се ограничени, некои студии покажуваат дека микропластиката може да се акумулира во некои органи. Постои загриженост дека честичките од микропластика можат да доведат до воспаленија, оксидативен стрес и оштетувања на клетките. Според студијата од 2021 година објавена од  Science Advances Research, 80 % од пластиката во окаените потекнува од Азија. Се верува дека Филипини е извор на повеќе од една третина (36,4 %), а следуваат Индија (12,9 %), Малезија (7,5 %), Кина (7,2 %) и Индонезија (5,8 %). Овие количини не го вклучуваат отпадот кој се извезува и з акој постои поголем ризик да влезе во океаните.

Floating bottle. Problem of plastic pollution under the sea concept

 

Испрати коментар

Scroll To Top