Насловна / Вести / Колку милиони евра од новиот Буџет треба се одвојат за заштита на животната средина?

Колку милиони евра од новиот Буџет треба се одвојат за заштита на животната средина?

Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ издаде соопштение во врска со предлог-буџетот за 2018 година, и од Владата на РМ бараат да се оформи посебен Фонд за заштита на животната средина и да одвои околу 1% од проектираниот БДП за 2018 година.

Според Еуростат, во 2015 година Словенија одвоила 389 милиони евра, додека Бугарија одвоила 358 милиони евра за заштита на животната средина, т.е. вкупните расходи за заштита на животната средина на владите во ЕУ-28 земјите изнесувале просечни 0,8% од БДП.Инфографик

Заради катастрофалната еколошка состојба во Македонија сметаме дека Владата треба да одвои околу 1% од БДП во посебен Фонд за заштита на животната средина. Го повикуваме Министерството за животна средина итно да изготви акциски план и соодветни проекти за бараните средства.

Како илустрација за лошо приоретизирање на јавните политики, во изминативе 10 години потрошени се скоро 700 милиони евра за проектот „Скопје 2014“ според Призма – Бирн, додека годишниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање варира помеѓу пет и десет милиони евра.
Потсетуваме дека според Светската Банка (2015), како последица на аерозагадувањето македонската економија трпи годишни загуби од 253 милиони евра или 3,2% од БДП, што значи дека реалниот раст на економијата изминативе години е 0%. Овој тренд мора да запре.

 

Испрати коментар

Scroll To Top