Насловна / Вести / Колку метал се користи за „чистата“ енергија?

Колку метал се користи за „чистата“ енергија?

Како што напредува енергетската транзиција кон „чисти“ извори на енергија, така станува се поголема побарувачката на бакар, цинк и други материјали. Во 2022 година, рекордни 12% од целокупно искористената енергија глобално, е добиена од соларни електрани и од ветерници. Одредени материјали се неопходни за изградба на ваквите постројки, а во просек новите системи бараат повеќе минерали за изградба.  Тоа поттикнува бројни расправи околу прашањето „колку всушност е чиста енергијата од обновливите извори“?

materials1

 

Во табелата подолу, даден е преглед на материјалите кои највеќе се користат кај овие нови технологии. Меѓу наведените, видливо е дека ветерните електрани на море се исклучително големи потрошувачи на бакар.

 

Ветерни електрани на море

Ветерни електрани на копно

Фотоволтаици

Бакар

8,000 kg/MW

2,900 kg/MW

2,822 kg/MW

Цинк

5,500 kg/MW

5,500 kg/MW

30 kg/MW

Манган

790 kg/MW

780 kg/MW

Хром

525 kg/MW

470 kg/MW

Никел

240 kg/MW

404 kg/MW

1 kg/MW

Молибден

109 kg/MW

99 kg/MW

Силициум

3,984 kg/MW

Во табелата се прикажани материјалите кои највеќе се користат кај фотовoлтаиците, како и ветерните електрани на море и на копно. Потрошувачката на бакар е најголема, но од друга страна тој е 100% рециклабилен. Цинкот е користен кај заштитните слоеви на опремата, во функција на заштита од корозија.

materials2

Токму бакарот и цинкот ќе се соочат со се поголема побарувачка паралелно со напредокот на енергетската транзиција. Затоа, од особена важност е да се воспостави циркуларна економија, низ имплементација на практики за рециклирање и реупотреба на материјалите, со цел да се намали негативниот импакт врз животната средина. Не помалку важно е да се имплементираат нови технологии во рударството со пониско влијание врз животната средина и секако развој на нови материјали.

materials3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top