На европската енергетска инфраструктура и се потребни 800 милијарди евра до 2030 година, за да ги постигне климатските цели на ЕУ до 2050 година, и да ја одржи Европа конкурентна на глобално ниво, објави влијателната лобистичка група „Европска тркалезна маса за индустрија“ (ERT) повикувајќи се на своја студија. Амбицијата на ЕУ да биде јаглеродно неутрален блок до 2050 година, бара огромни вложувања во енергетската инфраструктура, вклучувајќи и ширење на мрежата, складирање на енергија и инфраструктура за водород и зафаќање на јаглерод, се вели во студијата која ERT ја изработила со поддршка на Boston Consulting Group (BCG).
Со цел да се стимулираат инвестициите во годините што доаѓаат, на Европа ќе и треба поголема соработка помеѓу јавниот и приватниот капитал, како и посилна регулаторна рамка за охрабрување на вложувањата во мрежите и во водород, истакнува ERT. Моменталните сложени прописи во ЕУ го попречуваат пристапот на приватниот капитал, па затоа оваа лобистичка гриупа заклучила дека на Европа и е потребна пофлексибилна регулаторна рамка и јасно деловно опкружување за привлекување на приватни инвеститори.
Доколу потрае јазот помеѓу потребните и ралните вложувања, европскиот енергетски систем нема да може во целост да ги интегрира изворите на енергија со ниска содржина на јаглерод, а трошоците на системот ќе пораснат поради компензациите за планираното намалување на производството, кога производителите ќе бидат принудени да го прекинат производството.