Насловна / Вести / Колку ќе чини енергијата произведена од јаглен после 2027 година?

Колку ќе чини енергијата произведена од јаглен после 2027 година?

Недостатокот на акции кои се однесуваат на климатските промени, ќе доведе до тоа цените на јаглеродот (емисиите на јаглерод) до 2027 година во ЕУ за горивата за автомобилите и домаќинствата, да се искачат на над 200 евра по тон, предупредуваат германските истражувачи. Истражувачите нудат решение за овој проблем, односно зголемување на јаглеродната такса. Кон крајот на декември 2022 година, ЕУ се сложила да го ревидира својот пристап кон цените на јаглеродот. Од 2027 година, емисиите од дизелот, бензинот и греењето стануваат дел од посебен план кој се нарекува ETS II. Но, со одложување на мерки, како на пример забраната за котли, почетната цена за овој план може да биде многу висока.

carbontax1

„Доколку планот ETS II игра централна улога во постигнувањето на климатските цели, кога ќе почне да се применува од 2027 година, може да се очекуваат цени од над 200 евра по тон“, вели берлинската think-tank организација Agora Energievende. Нивната анализа се базира на „статус кво“ на климатските политики, посебно на оние во Германија. Доколку ништо не се промени, цените на пумпите би пораснале за 40 центи по литар, точно на новогодишната ноќ на 31 декември 2026 година. Сите емисии на јаглерод од патниот сообраќај и греењето ќе мораат да бидат ускладени со ETS сертификатите кои ги организираат трговците со гориво – количината на сертификатите е ограничена и брзо ќе се намали.

carbontax2

 

Бриселските пратеници инсистрираат цената да биде ограничена на 45 евра по тон јаглерод до 2030 година. Договорениот текст на планот можеби нема да ги исполни очекувањата. „Интензивно се занимававме со тоа и можеме со сигурност да кажеме дека не сме сигурни во врска со планот“, објаснува Симон Милер, шеф на германските операции во Agorа Energivende, зборувајќи во Берлин на 19-ти октомври. Бидејќи, додека почетната проценка која е спроведена од страна на Европската комисија предвидува цена од 45 евра, таа се базираше на претпоставката сите земји да ги исполнуваат своите климатски цели. Германија веројатно ќе ги пропушти своите климатски цели за 2030 година, за над 200 милиони тони, додека законодавците на ЕУ во Брисел сериозно се залагаат за неколку витални закони. Директивата за зградите моментално се укинува, додека реформата на данокот во енергетиката е заглавена со години. Политичарите се соочуваат со „од по тенка жица“. Француското движење „жолти елеци“ кој протестираше поради зголемувањето на цените на горивата им покажа на политичарите дека граѓаните можат и дека ќе го изнесат своето незадоволство поради начинот на кој се спроведуваат климатските политики. Во таа насока, многумина се сложуваат дека овој премин не треба да се случува нагло и на штета на стандардот на граѓаните.

 

Испрати коментар

Scroll To Top