Насловна / Вести / Колку и како загадуваат крузерите?

Колку и како загадуваат крузерите?

Бродовите за крстарење често користат фосилни горива со висока содржина на сулфур, и тоа е посебно загрижувачко кога станува збор за загадувањето на пристанишните градови. Емисиите на сулфурни оксиди приоднесуваат за создавање на смог, лош квалитет ан воздухот и здравствени проблеми кај популаијата. Затоа прописите за ограничување на емисиите на SOx се од клучна важност за заштита на јавното здравје и животната средина.

cruise1

Една темелна студија се занимавала токму со темата на бродовите за крстарење и нивното загадување. Европската федерација за транспорт и животна средина, направила истражување и дошла до заклучок дека во 2022 година, 218 активни крузери емитувале еднаква количина на SOx како една милијарда патнички автомобили. Од друга страна, истото истражување укажува и на можноста за ускладување на сообраќајот и заштитата на животната средина, и како пример се истакнува венеција каде загадувањето од масивните, големи бродови паднало за 80% откако го ограничиле нивниот пристап во градското пристаниште.  Во 2022 година, Барселона била најзагаденото пристаниште во Европа, и во овој град автомобилите биле далеку помал загадувач наспроти бродовите.

cruise2

Количините на фосилни горива кои ги трошат крузерите, с еразбира зависат од големината, капацитетот, брзината и сл., но во секој случај станува збор за сериозни бројки. На пример, голем брод за крстарење, како што е „Симфонија на морето“ – најголемиот брод за крстарење на светот, може да потроши околу 1.000-1.500 тони гориво дневно. Овој крузер со капацитет од девет илјади патници, за прв пат испловил пред неколку години токму од Барселона, за да плови по Медитеранот.  Европската федерација за транспорт и животна средина истакнува уште еден алармантен податок – од 2019 година до минатата година, бројот на вакви бродови и нивната потрошувачка забележуваат раст од 23%, што ги зголемило емисиите на сулфурни оксиди за 9%, а на азотни оксиди за 18%.

cruise3

 

Испрати коментар

Scroll To Top