Најголемиот број земји членки на ЕУ, немаат стратегија за пренасочување на јавните финансии и приватни фондови кон одржливи инвестиции, а со крајна цел транзиција на економијата кон т.н нискојаглеродна економија. Ова е констатација од извештајот на Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА). Единствено Белгија, Чешка, Естонија, Франција и до извесна мера
Германија имаат таква национална стратегија која би го следела инвестирањето во проекти поврзани со климатските промени и прилагодување на економијата. ЕУ проценува дека потребно е да се инвестираат околу 177 милијарди евра годишно во периодот од 2021 до 2030 година, со цел исполнување на климатсите и енергетски цели. Тоа ќе значу удвојување на сегашното ниво на инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.