Насловна / Вести / Колкава е штетата за животната средина од крузерите?

Колкава е штетата за животната средина од крузерите?

kruzeri

Сезоната на крузерите во Хрватска е веќе отворена. Оваа гранка од туризмот, што е голема надеж за хрватскиот туризам, има сериозни скриени недостатоци, пред сè во изразено негативно влијание врз животната средина на кое предупредуваат експертите.

Експертот од загребскиот Институт за туризам Хрвоје Цариќ, истакнува дека проблемот со крузерите не е видлив поради повеќе причини, но неговите негативни влијанија доаѓаат на наплата низ т.н. негативни екстерналии, односно загадување на околината. Во Хрватска годишниот приход од крузерите е 52,8 милиони евра. Медитеранот е најинтензивниот туристички регион во светски рамки. Од десетте најфреквентни пристаништа во светот, пет припаѓаат на Медитеранот.

kruzeri (2)

Модерниот крузинг-туризам започнал во средината на 60-тите на минатиот век на Карибите, кои и понатаму се водечки светски пазар. Во светот денес постојат 380 крузерски патувања со капацитет од 460.00о патници. Со својата масовност крузерите сè повеќе ја загадуваат животната средина. И покрај сериозниот економски ефект, непланираните и стихиските трошоци поради негативните влијанија можат да бидат кобни за одредена општествена средина, особено кога се нема стратегија за развој.

Во хрватските градови, не постои развоен план според кој крузерите би се вклопиле во една координирана шема со елементите на одржливиот развој. Понатаму, Цириќ во својот труд истакнува дека еден крузер со 1.000 гости дневно произведува 12 тони цврст отпад, 1.203 kg CO2/km, и дури 390-480 килограми опасен отпад. Имајќи ги предвид овие бројки, Цириќ пресметал дека и покрај приходот од 52,8 милиони евра, Хрватска поради загадувањето на Јадранот трпи штета од 390 милиони евра годишно.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top